Свет
Бекам крои план за ангажман на подзаборавената ѕвезда во Серија А
Проектот на Дејвид Бекам во Интер Мајами не дочека старт каков што се очекуваше поради хаосот кој го предизвика коронавирусот, но легендарниот Англичанец очигледно го користи овој сушен период за да крои нови планови за иднината.
Бекси не крие дека сака да привлече неколку ѕвезди од европскиот фудбал и не исклучува трансфери на звучни имиња кои се докажани на стариот континент, а последен во низата се најде Хавиер Пасторе.
Подзаборавената аргентинска ѕвезда доста лошо се снајде во Рома и враќањето во Серија А не се покажа како полн погодок за него, а како што пренесува „Футмеркато“, Бекам сака да го искористи сето ова и да го доведе 31-годишниот играч за врска во неговата МЛС франшиза.
Рома сигурно нема да се противи на вакво нешто бидејќи неговата плата е една од највисоките во првиот тим, а очекувањата се дека и трансферот нема да биде прескап за Бекам, со оглед на тоа што Рома ќе мора да бара многу помалку од сумата за која го купи од ПСЖ пред две години (24 милиони евра).
Пасторе е дел од фудбалска Европа од 2009-та година кога пристигна во Палермо, па сериозниот интерес од Бекам, за него може да значи крај на авантурата на стариот континент.
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 22 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 22 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 20 часа
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Германијапред 21 час
Фановите на Баерн испратија порака прекинувајќи го куп дуелот со тениски топчиња (Видео)