Поврзете се со нас

Балкан

Антиќ не го заборави човекот со кого освои две европски титули: Ќелави, честитки за одличната кариера…

Објавено

на

Легендата на грчката кошарка и човек кој остави голема трага во овој спорт во Европа во изминативе две децении, Василис Спанулис одлучи да и стави крај на својата кариера.

Популарниот Били во месец август ќе наполни 39 година, па реши дека е време да се пензионира од активното играње на кошарка. Секако овој потег донесе многу реакции, коментари, беа испрарени честитки за успешната кариера и секако заслужената пензија.

Еден од нив кој се јави на социјалните мрежи беше првиот човек на македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ кој е добар пријател со Спанулис со кого своевремено освоија две европски титули со Олимпијакос.

-Ќелави, честитки за одличната кариера. Уживај сега брате, заслужено, легендо, -порача Перо кој објави заедничка фотографија со Гркот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни