Поврзете се со нас

Свет

Англиската легенда има примамлива понуда: Џерард може да му стане тренер на Дарко Велковски

Објавено

на

Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Ливерпул, Стивен Џерард може да биде новото големо име кое ќе го видиме во Саудиска Арабија.

Стиви-Џи е без ангажман откако ја заврши соработката со Астон Вила, но тоа може за брзо да се промени затоа што имам примамлива понуда од блискиот Исток. Се работи за екипата на Ал Етифак која е подготвена да му понуди двегодишен договор, договор според кој Стивен би заработувал по 9 милиони фунти по сезона.

Според „ЕСПН“, Англичанецот ќе има директна средба по што ќе биде донесана конечната одлука. Наводно Џерард ќе има можност сам да ги бира старнските засилувања, па сега останува да се види дали се што ќе му биде понудено ќе биде доволно за да се пресели во Саудиска Арабија.

Инаку да потсетиме Ал Етифак е клуб во кој настапува македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни