Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти ќе ја започне втората етапа во Реал со само 13 играчи од првиот тим

Објавено

на

Карло Анчелоти ќе ја стартува својата втора етапа како тренер на Реал Мадрид утре попладне, но тоа ќе го направи во едни сосема поинакви услови со оглед на големиот број отсуства во првиот тим.

Италијанскиот стручњак се согласи да ја прекине соработката со Евертон откако доби повик од клубот кој не се одбива, па во ситуација кога многумина сметаа дека неговата прва етапа во клубот заврши прерано, Дон Карло сега добива втора шанса за докажување.

44 дена по крајот на сезоната по која Зинедин Зидан си поднесе оставка, Реал Мадрид утре ќе ги отвори пресезонските подготовки, а на првиот собир Анчелоти ќе смета само на 13 играчи од првиот тим и на 10 играчи од младинската школа.

За утре наутро се закажни медицинските прегледи кои се задолжителни пред секој нов старт на сезоната, а за 18:00 часот попладне е закажан првиот тренинг со кој Карло и официјално ќе ја стартува втората ера во „кралскиот клуб“.

На првиот тренинг од првиот тим ќе смета само на Лунин, Карвахал, Начо, Марсело, Одриозола, Менди, Иско, Одегард, Лукас, Маријано, Родриго, Брахим и Јовиќ, додека отсустни ќе бидат Алаба, Бејл, Модриќ, Варан, Бензема, Крос, Азар, Куртоа, Феде, Милитао, Касемиро, Винисиус, Асенсио, Себалјос, Валјехо и Кубо.

За да има нормални услови за тренинг, утре Карло ќе смета на 10 младинци, а истиот ќе биде првиот на кој нема да го видиме Серхио Рамос по завршувањето на блескавата приказна во Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни