Поврзете се со нас

Англија

Алонсо се огласи за заминувањето на Клоп, па доби прашање за можна преселба на „Енфилд Роуд“

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04_en

Јирген Клоп денеска самостојно соопшти дека си заминува од Ливерпул по крајот на оваа сезона, па англиските медиуми и букмејкерите почнаа да даваат прогнози за тренерите кои можат да го наследат извонредниот германски стручњак.

После девет години во Ливерпул, Клоп реши дека е време да се повлече и да му остави простор на помлад колега, а многумина сметаат дека тоа може да биде поранешниот играч за врска на „црвените“.

Чаби Алонсо врши неверојатна работа во Баер Леверкузен и се бори за историска титула во Бундеслигата, но денеска не можеше да ги избегне прашањата поврзани за негова преселба на „Енфилд“.

– Свесен сум дека има шпекулации за мене и тоа е нормално. Можам да кажам дека сум фокусиран само на Леверкузен. Среќен сум тука, со сите мои играчи и клубот.

– Заминувањето на Клоп е големо изненадување за сите. Јас имам голема почит кон него за работата која ја врши и за тоа што го оствари во Ливерпул. Дали можам да бидам следниот менаџер на Ливерпул? Во моментов не можам да дадам директен одговор за тоа. Среќен сум тука и мислам само на Леверкузен, – изјави Чаби Алонсо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни