Поврзете се со нас

АТП

Алкарас за најважната лекција од Надал: Од него научив…

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Карлос Алкарас избори победа над Рафаел Надал со 2-1 во сетови на пријателскиот меч што се одигра во Лос Вегас.

Тениските фанови уживаа во вистински спектакл, борба и мајстории од двете страни со тоа што на крјаот мораше еден да победи или тоа во случајот беше помладиот Шпанец кој славеше со 3:6, 6:4, 14:12.

-Од Рафа научив да имам борбен дух, никогаш да не се предавам, да трчам по секоја топка и да погодувам неверојатни удари. Освоив нешто повеќе поени, но тој имаше неверојатни потези. Навистина никогаш не се откажува. Се обидував да ја играм мојата игра, да барам решенија кога работите не одеа добро.

-Атмосферата е феноменална, жал ми е што не можевме да играме овде пред една година. Затоа ми се допадна уште повеќе сега кога сме тука. Многу Шпанци и Латиноамериканци дојдоа да гледаат и дадат поддршка на двајцата, -порача Алкарас за кого ова беше последен тест пред настапот на Индијан Велс.

Алкарас го доби Надал во тенискиот спектакл во Лас Вегас (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни