Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Веќе немаме стравопочит кон Ѓоковиќ!

Објавено

на

Foto:twitter.com/rolandgarros

Карлос Алкарас ја бара својата најдобра форма и едноставно не можеше да фати континуитет откако ја освои титулата на Вимблдон, а прва добра шанса да се прикажа во далеку подобро светло и Мастерсот во Индијан Велс.

Шпанецот пред неколку дена играше ревијален меч со Рафаел Надал во Лас Вегас и имаше можност да се дружи со својот идол, но и на него јасно му е дека ривал за победување и натаму е Новак Ѓоковиќ.

Алкарас е еден од двајцата тенисери кои го спречија Ноле да има уште подобра грен слем статистика, а по победата на Синер во Австралија, Карлос смета дека младата генерација полека ја губи стравопочитта кон светскиот рекет број еден.

– Ѓоковиќ и натаму е тенисерот кој треба  да се победи. Но, младата генерација играчи како мене, Синер и Руне веќе го има победено. Веќе го победивме и мислам дека полека на добар начин ја губиме стравопочитта.

– Го губиме стравот и се осудуваме да го победиме на најголемите турнири. Ќе се потрудиме да го направиме тоа неколку пати во низа, но се додека тој игра на ова ниво, работите ќе бидат комплицирани и тој ќе биде тенисерот кој треба да се победи, – изјави Алкарас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни