Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид го доби дербито со Голден Арт: Изостана драмата, но не и класата

Објавено

на

Двете водечки екипи од првата ракометна лига, група Б, Алкалоид и Голден Арт, денеска во меѓусебен дуел го решија прашањето на првопласираниот во регуларниот дел на сезоната.

На дерби натпреварот игран во СЦ „Јане Сандански“, Алкалоид како гостин славеше со 29:35 (полувреме 13:21), а победата беше извојувана во втората половина од првиот дел. Гостите имаа водство од почетокот кое најпрво стигнуваше до 2 или 3 гола предност, но мала неизвесност имаше околу средината на полувремето, кога резултатот беше изедначен 9:9. Во продолжението расположениот голман на гостите Гошевски им даде поттик на своите соиграчи повторно да прејдат во водство, а најефикасен реализатор беше десниот бек, репрезентативецот Мартин Серафимов со седум гола, чија класа отскокнуваше особено во првиот дел.

Иако немаше драма и изедначеност, поединечни проблесоци имаше на двете страни, при што кај Голден Арт најистакнати поединци беа Гајиќ, Илиев и Даев, а на самиот крај и вториот голман Виктор Василевски, со што беше покажано дека има зошто се рамо до рамо со противниците. Доколку Матлиески и порано го заменеше очајниот Даскалоски, можеби ќе успееше да го спречи резултатското одвојување на противниците, по кое немаше враќање. Факт е дека Голден Арт го доби второто полувреме со 16:14, но тоа се случи во финишот, поточно во последните 10 минути, кога тренерот на Алкалоид им даде шанса на повеќе играчи од клупата, а наспроти тоа домашните со одбраните на Василевски успеаја да фатат чекор и да ја контролираат играта.

Судиската двојка Начевски и Николов авторитетно и без забелешки ја делеше правдата на ракометното дерби, кое и покрај директниот ТВ пренос, во голема мера ја исполни салата во Аеродром.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни