Англија
Ајакс го расплака Зијеш со прошталното изненадување: Се што правам е поради неа (Видео)
Хаким Зијеш нема да може достојно да се збогува од верните фанови на Ајакс поради вистинскиот хаос кој го предизвика коронавирусот, но пред се поради тоа што холандската Федерација одлучи да го суспендира првенството, без притоа да се прогласи шампион.
Мароканскиот крилен напаѓач претходно договори трансфер во Челси и веќе може комотно да се подготвува за својот престој во Лондон, но бидејќи не доби достојна шанса да му каже збогум на саканиот Ајакс, клубот од Амстердам сега му приреди едно проштално интервју кое го доведе до солзи.
Хаким се возбуди кога ги слушна пораките од своите соиграчи кои му посакаа многу среќа во новата средина, но емотивно се распрсна која порака му испрати неговата мајка.
– Таа е горда жена. Можам да видам дека е горда, иако се обидува да го прикрие тоа. Кога ќе помислам колку тежок живот имала….
– Дошла тука многу млада, порасна девет деца. Го загубила својот сопруг многу рано и оставена била самата на себе. Се што правам е за неа. Го правам ова зошто го сакам фудбалот, но се правам за неа. Ако не беше таа, ќе се збогував со фудбалот одамна, – порача расплаканиот Хаким.
-
Англијапред 18 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 18 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 21 час
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 19 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Италијапред 21 час
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Шпанијапред 16 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд