Поврзете се со нас

Англија

Вокер воодушевен од соиграч од Сити: Не знам како му успева тоа

Објавено

на

Манчестер Сити и сезонава ќе се бори за повеќе трофеи, а во пресрет на новиот настап викендов, Кајл Вокер испратил многу комплименти на сметка на еден свој соиграч.

Англискиот репрезентативец не крие дека е воодушевен од настапите на Бернардо Силва, за кого се очекуваше да го напушти Сити во текот на летото.

– Бернардо е тимски играч, игра за да победи и тоа го сакам кај него. Прави се што може за да му помогне на тимот, без разлика дали игра како крило, „лажна деветка или во средниот ред.

– Претрчува навистина многу на секој натпревар. Не знам како му успева тоа, бидејќи не бара ни посебни масажи.

– Постојано трча и трча, тоа е навистина негов сериозен квалитет, успева на секој натпревар да биде во потребната форма, – изјавил Вокер.

Манчестер Сити утре го пречекува незгодниот Вест Хем од 15 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни