Поврзете се со нас

Англија

Вест Хем се пофали со засилувањето од шампионот Манчестер Сити

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/WestHam

Вест Хем денеска и официјално го претстави Калвин Филипс како свој нов фудбалер, со тоа што Дејвид Мојс може да се надева на соработка со англискиот репрезентативец барем во наредните шест месеци.

Филипс доаѓа во Сити како позајмен играч и веројатно ќе биде стандарден првотимец во лондонскиот клуб, статус каков што не можеше да добие во редовите на актуелниот шампион.

Иако Сити плати 45 милиони фунти за Филипс во 2022 година, тој има само 16 премиерлигашки настапи за оваа екипа, од кои само два се како член на стартниот состав, што е доволен показател за шансата која играчот од средниот ред ја добиваше од менаџерот Пеп Гвардиола. Единствениот гол го постигна против Црвена Звезда во Лигата на шампионите.

Вест Хем пак беше под императив да доведе засилувања во зимскиот преоден рок, не само поради своите амбиции, туку и поради повредените играчи, во кои спаѓаат и Едсон Алварез и Лукас Пакета.

Филипс успеваше да добие место во англиската репрезентација и покрај малата минутажа во Сити, па се очекува вака да си го зацврсти статусот во пресрет на Европското првенство, а да му помогне на Вест Хем во обидот да стигне до излез во Европа и што подобар пласман во нокаут фазата на Лига Европа сезонава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни