Поврзете се со нас

Италија

Уште една лоша вест за Пиоли: Неуморниот играч за врска го напуштил „Сан Сиро“ со патерици

Објавено

на

Стефано Пиоли не може да извлече ниту една позитивна работа од првиот полуфинален натпревар против Интер во Лигата на шампионите, од една страна поради лошиот пристап и непрепознатливата игра на Милан, но и поради уште една лоша вест која ќе се одрази и на реваншот.

Тренерот на Милан на првото полуфинале кое го загуби неговиот тим со 2:0 не можеше да смета на Рафаел Леао, а на вториот повеќе од сигурно нема да може да го селектира Исмаел Бенасер.

Неуморниот играч за врска е клучна алка во стартната постава на Пиоли и завршува огромна работа на теренот, но првите прогнози за неговата повреда не се воопшто оптимистички.

Бенасер беше изваден од игра уште во првото полувреме, но италијанските новинари информираат дека далеку полоша вест е видената слика по крајот на натпреварот на „Сан Сиро“.

Фудбалерот на Милан го напуштил стадионот со патерици, па стравувањата се големи и најверојатно станува збор за тешка повреда која значи и крај на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни