Поврзете се со нас

Германија

Урнебесно видео: Тухел одработува прес, откачениот Милер се слушаше од соседната соба

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен вечерва игра против Фрајбург во германскиот Куп и целта е да се оствари втора победа под водство на Томас Тухел, кој имал една необична најава на овој дуел поради случувањата во тренинг центарот.

Во изминатиот период, Баерн како клуб започна реновирање на „Зебенер штрасе“ центарот и собата за одмор на фудбалерите е префрлена веднаш до прес-центарот, што направи веднаш да се почувствува на обраќањето кое го имаше Тухел.

Додека тренерот на Баерн давал изјава, првотимците на германскиот привак се релаксирале играјќи пикадо, а од соседната соба се слушнал крик кој предизвикал смеа во салата.

– Дааааа, 180 поени, – се слуша гласен крик од страна на откачениот Томас Милер.

Ова видео брзо стана вирално, а Милер преку социјалните мрежи откри дека виновник за неговиот крик бил Станишиќ кој погодил максимални 180 поени со својот обид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни