Поврзете се со нас

Европски првенства

УЕФА го одреди судијата за полуфиналното дерби Шпанија-Италија

Објавено

на

Европската фудбалска федерација денеска ги објави официјалните лица за првото полуфинале на Европското првенство, дерби пресметката меѓу Шпанија и Италија.

Првиот полуфинален дуел на „Вембли“ му е доделен на Феликс Брих, Германецот кој интересно вчера судеше на четвртфиналната пресметка меѓу Англија и Украина.

Помалку невообичаено, Брих ќе суди на два натпревара по ред на ЕП (последното четвртфинале и првото полуфинале), а очигледно дека ужива голема доверба кај судиската комисија на УЕФА, бидејќи ова ќе му биде петти натпревар на турнирот.

Покрај германските асистенти, четврти судија ќе биде Русинот Сергеј Карасев, а Брих ќе има и германска ВАР поддршка, при што главен во ВАР собата ќе биде Марко Фриц, кому ќе му асистираат само германски колеги.

Натпреварот меѓу Шпанија и Италија се игра на 6. јули од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни