Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА го објави составот на сезоната во ЛШ, таму нема место за Роналдо

Објавено

на

Техничката комисија на УЕФА составена од поранешни фудбалери го избра составот на сезоната во Лигата на шампионите, а меѓу 23 најдобри играчи, немаше место за Кристијано Роналдо.

Отсуството на Португалецот веројатно е најголемата промена во однос на претходните години, посебно што Роналдо повторно имаше добра сезона во елитното европско натпреварувања, но со лимитиран успех поради елиминацијата на Јувентус во осминафиналето.

Очигледно тоа бил и главниот филтер на жирито, бидејќи во составот на најдобри 23 фудбалери се вклучени само играчи на екипите кои играа на завршниот турнир во Португалија, иако е направен исклучок со Ван Дајк од Ливерпул.

Составот го одредувале Аитор Каранка, Козмин Контра, Паки Бонер, Роберто Мартинез, Жинес Мелендез, Фил Неви, Герет Саутгејт и Вили Рутенштајнер.

Голмани: Облак, Нојер, Лопез
Одбрана: Дејвис, Кимих, Алаба, Ван Дајк, Анхелино, Упамекано
Среден ред: Тиаго, Де Брујне, Ауар, Горецка, Сабицер, Маркињос, Гомез, Милер
Напад: Гнабри, Левандовски, Меси, Нејмар, Мбапе, Стерлинг

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни