Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тухел по болната елиминација од Реал: Не ми се допадна тоа што го видов меѓу Анчелоти и судијата Марчињак!

Објавено

на

Томас Тухел си оди горд и разочаран од „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи неговиот тим беше многу подобар од Реал Мадрид, но на крајот остана без пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Менаџерот на англискиот клуб даде своја анализа за реванш четвртфиналето во Мадрид и порача дека клучна била грешката при вториот гол кој го постигна Бензема, но во своето обраќање, не заборави да го „поздрави“ и главниот судија Марчињак од кој останал доста разочаран.

– Разочаран сум и горд истовремено. Постигнавме четири гола, еден ни беше поништен и имавме многу повеќе шанси. За жал, немавме доволно среќа. Разочарани сме, направивме две грешки кои скапо се плаќаат на ова ниво. Клучна беше втората грешка при вториот гол. На вакви натпревари потреба ви е среќа, а ние ја немавме.

– Направивме грешки кои не смеете да ги направите против Реал Мадрид. Како и да е, ова е вкупен пораз кој може да се прифати со гордост поради она што го прикажавме, – изјави Тухел и додаде.

– Кога заврши натпреварот, не ми се допадна тоа што го видов, односот меѓу судијата и Анчелоти. Тоа остава горчлив вкус. Тргнав да се поздрава со судијата после тежок меч и кога стигнав до него, видов како се смее со противничкиот тренер Анчелоти. Тоа не ми изгледаше добро, без оглед на тоа што Анчелоти е голем господин и џентлмен, – додаде Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни