Поврзете се со нас

Англија

Тухел објасни како Челси го суреди Јувентус на „Стемфорд Бриџ“

Објавено

на

Актуелниот европски првак Челси оствари убедлива победа од 4-0 во дербито во групата Х во Лигата на шампионите, победа со која го презема првото место и се најде во поволна позиција пред завршната шеста рунда.

„Сините“ дадоа еден гол во првото и три во второто што беше повеќе од доволно да му нанесет тежок пораз на Јувентус, тим кој ретко губи со ваква разлика.

-Сакавме да останеме трпеливи, но во исто време да не заспиеме. Сакавме да го зголемиме ритамот и интензитетот. Многу е тешко да се создаде и да се постигне гол, но создадовме толку многу. Неверојатен настап и фантастичен резултат, -рече тренерот Томас Тухел кој се обиде да објасни како го надиграа Јуве, односно како променија толку работи ако се земе предвид дека во Торино загубија со 1-0.

-Бевме поостри отколку во Торино, ризикувавме повеќе, нешто што ни недостигаше во Торино. Со контрола не можете да ги повредите – потребно е да направите продор со топка. Бевме многу добри и постигнавме убави голови. Се чувствувам многу свесен дека работиме невидлива работа и кога треба да се браниме, навистина се браниме и копаме, -порача Германецот.

Во последното коло Челси му гостува на Зенит, додека Јуве го пречекува Малме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни