Поврзете се со нас

Англија

Тухел: Добрата игра на Челси без Лукаку значи само едно

Објавено

на

Челси и е лидер во Премиер лигата и тоа ќе остане така без оглед на сценариото во актуелното коло, но пред големото дерби со Манчестер Јунајтед, Томас Тухел говореше за квалитетот на неговиот тим кој го прави посебно горд.

Англиските новинари почнаа да заклучуваат дека Челси игра многу подобро без Ромелу Лукаку во тимот, фудбалер кој отсуствуваше од терените многу повеќе од што првично се мислеше, но кој сега е пред враќање на терените.

Тухел потенцира дека неправедно е да се вели дека Челси е подобар тим без најголемото летно засилување, кое по извонредниот старт, не постигна ниту еден гол на последните седум меча пред да се повреди.

– Сфаќам зошто луѓето прават вакви шпекулации, за нив е лесно да пронаоѓаат лесни заклучоци. Сите гледаат само една причина што сакаат да ја гледаат, а во животот, а особено во фудбалот не е така. Лукаку беше многу важен за нас од почетокот, постигна многу клучни гола кои сега имаат позитивно влијание врз самодовербата на младите играчи.

– Посебно сум среќен што можеме да преживееме долг период без него, без Ковачиќ, без Вернер и без Пулишиќ. Добрата игра на Челси без Лукаку и останатите значи само едно. Тоа значи дека ние функционираме како тим и тоа ме прави посебно среќен. Можеме да се потпреме на секого во тимот. Ни недостасуваат сите играчи кога се повредени, но најважно е што тие се тука со нас и кога се повредени и прават се за добра атмосфера во тимот, – потенцира Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни