Поврзете се со нас

Англија

Продолжува доминацијата на Сити: Фоден е избран за играч на сезоната во Премиер лигата

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Англискиот репрезентативец и воедно член на Манчестер Сити, Фил Фоден е прогласен за најдобар играч на сезоната во Премиер лигата.

Офанзивецот блескаше и со 17 голови и 8 асистенции е меѓу најзаслужните што Сити е во пол позиција да освои уште еден лигашки пехар, а со тоа да испише и историја со оглед на тоа што досега ниту еден тип не успеал да биде шампион четири години во низа.

-Да се освои оваа награда е достигнување на кое сум исклучително горд. Премиер лигата е призната како најголема лига во светот и задоволство е што бев номиниран со толку многу други одлични играчи кои уживаа во специјални сезони за своите клубови, порача Фоден за официјалниот клупски сајт.

Со ова продолжи доминацијата на „граѓаните“ кога е во прашање ова признание кое веќе пет години завршува кај член на клубот од „Итихад“, односно претходно најдобри беа Ерлинг Халанд, Кевин Де Брујне (2) и дефанзивецот Рубен Дијаш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни