Поврзете се со нас

Италија

Тоти со совет до Рома за иднината на Мурињо: Ако јас се прашував…

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома веќе втора сезона во низа игра значајна улога во европскиот фудбал и за тоа голема заслуга има искусниот италијански стручњак Жозе Мурињо.

Португалецот минатата година успеа со овој тим да ја освои Конференциската лига на УЕФА, додека во оваа е чекор да обезбеди финале во Лига Европа што доволно говори за тоа какви се резултатите на „волчицата“. Во исто време Рома е во Топ 6 во Серија А што значи составот од италијанската престолнина одлично се бори на два фронта што не е мала работа со оглед на играчкиот кадар.

Во изминатиов период се појавија информации за можно заминување на Жозе од Ром, го поврзуваа со ПСЖ, ама засега нема ништо официјално, но тоа не значи дека не може да се промени во наредниот период.

Дефинитивно постојат прашалници околу иднината на Жозе без разлика што има договор до 2024 година, па околу оваа тема свој став даде легендата на калчолигашот. Франческо Тоти.

-Да зависи од мене, се би било полесно. Јас би го убедлил да остане. Ама треба да се види што ќе биде. Не знам како размислуваат во клубот и тие дефинитивно ќе одлучат за ситуацијата, -порача Тори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни