Поврзете се со нас

Италија

Тонали: Милан испрати важна порака

Објавено

на

Екипата на Милан иако настапи без неколку важни играчи се избори се поволен резултат на вчерашната средба против Манчестер Јунајтед во осминафиналето на Лига Европа.

„Росонерите“ во самата завршница дадоа гол за 1-1, резултат со кој ќе го дочекаат реваншот во Милано. Оваа партија според Сандро Тонали е порака до сите дека Милан е жив, конкурерентен како во Италија така и во Европа.

-Нашата цел е да заборавиме што се случи затоа што имаме уште еден важен натпревар во недела. Вчера испративме важна порака до сите, не само до клубовите во Европа, бидејќи тоа никој не го очекуваше, -вели Тонали.

Сега пред „црвено-црните“ е дербито со Наполи, а потоа и реваншот со Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни