Поврзете се со нас

Англија

Кин со совет до Јунајтед за Тен Хаг: Мораме да бидеме искрени…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед е далеку од врвот на англискиот фудбал во актуелнава сезона во која клубот не се прослави ниту во Европа и единствената светла точка ќе биде ако се освои пехарот во ФА Купот што нема да биде лесна задача со оглед на тоа што ривалот во финалето ќе биде Манчестер Сити.

Веќе некое време се говори за иднината на менаџерот Ерик Тен Хаг, се говори за неков отказ, заминување поради резултатите, но засега нема конечна одлука кога е во прашање неговата иднина за која и тој самиот верува дека е на „Олд Трафорд“.

Рој Кин како легенда на Јунајтед често знае да биде критичен кон тренерот, играчите, но кога се работи за оваа тема, ситуација, Ирецот смета дека Холанѓанецот заслужува поддршка, поточно да остане на сегашната функција и по актуелнава кампања.

-Се надевам дека ќе му дадат повеќе време и ќе стигнат до летото, ќе можат да се регрупираат и да го реструктуираат клубот или што и да е тоа. Има големи проблеми во клубот. Но, се надевам дека ќе му се даде шанса да ги исправи работите. Бидејќи минатата година имаше некои позитивни страни, мора да бидеме искрени со тоа.

-Им претстои финале во ФА Купот, и ако успеат да го победат Манчестер Сити, ќе биде многу, многу тешко, но има огромни предизвици со кои се соочува, тој е под огромен притисок, -вели Кин за „Скај Спортс“.

Сличен став има и Вејн Руни кој сепак знае колку немилосрден може да биде фудбалот.

-Јас лично се надевам дека ќе им дадат време. Затоа што мислам дека има многу проблеми. Регрутирањето е масовно и не е доволно добро во текот на целата година. Затоа, мислам дека е време да се направи тоа како што треба. Но, она што го видовме претходно, јас бев дел од во финалето на ФА Купот, кога победивме во 2016 година и Луи ван Гал ја загуби работата, така што никогаш не се знае, -порача Вејн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни