Поврзете се со нас

НБА

Неверојатна среќа: Со само три проценти го добија првиот пик на НБА драфтот

Објавено

на

foto: twitter.com/NBA

Во месец јуни ќе се одржи НБА драфтот, поточно ќе се бираат новите лица, ѕвезди во најсилната лига на светот, а можноста за прв избор ќе го има составот на Атланта Хокс.

Имено „јастребите“ кои оваа сезона ја завршија со учинок 36-46 и беа елиминирани од Чикаго Булс во плеј-ин турнирот, имаа шанси од само 3 проценти да дојдат до првото место и да го имаат првиот пик, меѓутоа на крајот сепак го добија „џекпотот“.

Атланта ќе има можност прва да се огласи и го избере играчот кој според нив може да ја подобри, надогради екипата.

Зад нив е Вашингтон по што следуваат Хјустон, Сан Антонио, Детроит…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни