Поврзете се со нас

НБА

Нема играње со Јокиќ и компанија: Шампионот го врати и вториот брејк и израмни во серијата со Минесота (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/NBAFRANCE

Составот на Денвер Нагетс издвојува победа над Минесота Тимбервулвс со 115:107 во вториот меч во Минеаполис со што израмни на 2-2 во полуфиналната серија на Западот.

Многумина го отпишаа актуелниот шампион по двата порази кои ги претрпе на домашен терен, но Јокиќ и компанија уште еднаш потврдија зошто се бранители на трофејот и ја вратија серијата на „нула“, поточно се почнува од почеток.

Избраниците на Мелоун одиграа квалитетно, сите играчи кои влегоа во игра имаа свој придонес, а сообено значаен беше учинокот од клупата каде двоцифрени беа Холидеј и Браун.

Во прв план беше Јокиќ со 35 поени, 7 скока и 7 асистенции, блескав настап имаше Гордон со 27 поени, 7 скока и 6 асистенции.

Младиот Едвардс пак за „волците“ реализираше дури 44 кошеви, ама и тоа не беше доволно за позитивен резултат. Следната средба се игра во Колорадо што значи дека Денвер ја врати предноста на домашниот терен кој засега во серијата ништо не значи, ама тоа може да се промени.

Кога е во прашање пресметката меѓу Индијана Пејсерс и Њујорк Никс и таму резултатот е 2-2 и тоа откако четата на Карлајл го здроби ривалот со 121-89.

Дури шестмина домашни кошаркарки беа двоцифрени, Буркс пак со 20 кошеви беше прв стрелец кај поразените.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни