Поврзете се со нас

Англија

Артета: Тоа не е напредок, тоа е историја

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал успеа да слави на гостувањето во Манчестер кај Јунајтед со 1-0 и со тоа да ги задржи шансите за титула во Премиер лигата.

Голот на Тросар постигнат во првото полувреме беше доволен за „топчиите“ да го освојат „Олд Трафорд“ и одново да се вратат на лидерската позиција на табелата со еден бод повеќе во однос на второпласираниот Манчестер Сити.

Севкупно за составот од северен Лондон ова беше 27. триумф во шампионатот со што беше поставен нов клупски рекорд кога се работи за кампањи во кои се играат 38. кола.

-Ова се 27 победи во Премиер лигата, тоа е најмногу во историјата на овој фудбалски клуб во последните 130 години. Ова не е напредок, ова е историја и тоа е многу, многу тешко да се направи, особено во лигата во која сега играме. Голем комплимент до сите играчи и персоналот за она што го направија, -порача менаџерот, Микел Артета.

Меѓутоа и покрај овој резултат, ништо не зависи од Арсенал или поточно Манчестер Сити во моментов има се во свои раце, па ако ги добие дуелите со Тотенхем и Вест Хем тогаш ќе биде старо-нов англиски шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни