Поврзете се со нас

Англија

Три имиња: Видиќ ги издвои најдобрите дефанзивци во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Немања Видиќ одбележа една ера во англискиот фудбал кога е во прашање дефанзивата, успешна ера во која го носеше дресот на Манчестер Јунајтед од 2006 до 2014 година.

За време на овој период беа освени многу пехари на домашната и европската сцена, а меѓу нив беа и пет трофеи во Премиер лигата.

Србинот имаше значајна улога во сите овие резултати со фантастичното партнерство кое го имаше со Рио Фердинанд. Видиќ и денеска редовно ги следи случувањата во најсилната англиска фудбалска конкуренција, па од свој агол ги издвои одбранбените играчи кои за него се посебни, поточно му се омилени.

-Најдобри дефанзивци? Сакам да зборувам за младите. Мики ван де Вен. Тој е брз, силен и добар во воздух и има способност навистина да се подобрува. Двоецот од Арсенал (Салиба-Габриел) на кого добро му оди. Гледајќи ги, чувствувам дека сакаат да бранат и сакаат чиста мрежа. Ми се допаѓа менталитетот што го покажуваат. Тоа е партнерство, тоа е важно. Арсенал, оваа сезона, не прими многу голови и кога отидоа во Сити не примија – тоа беше изјава на Арсенал како тим, -вели Немања за „Тајмс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни