Поврзете се со нас

Англија

Руни ги закачи играчите на Јунајтед: Некои од нив…

Објавено

на

Foto:twitter.com/BCFC

Манчестер Јунајтед загуби од Арсенал со 1-0 и со тоа уште еднаш ги разочара своите навивачи без разлика на тоа што гостите важеа за големо фаворити со оглед на формата како и многуте повредени играчи кај домаќините.

Тренерот Ерик Тен Хаг не можеше да смета на доста значајни фудбалери како Фернандеш, Рашфорд, Шо, Мартинез, Мегавер, Линделоф, Варан, Маунт…, па составот на „црвените ѓаволи“ изгледаше доста шарено и се мачеше да биде конретен кон голот на Раја.

Вејн Руни имаше можност да го следи дуелот на „Олд Трафорд“ од каде и испрати порака со која ги закачи дел од повредените играчи. Руне смета дека има фудбалери кои едноставно не сакаат да настапуваат, поточно не сакаат да ризикуваат иако можат да дадат придонес.

-Има неколку многу добри играчи во тој состав и перформансите се многу под нивото. Ги гледате повредите и некои од тие играчи би можеле да играат; 100 проценти. Ви претстои Европско првенство и финале во ФА Купот. Лесно е за играчите да останат малку надвор и потоа да се вратат на Европското првенство.

-И самиот сум го видел низ годините. Само мислам дека играчите кои се повредени не си прават никаква заслуга во моментот, -порача Руни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни