Поврзете се со нас

Шпанија

Агентот на Левандовски испрати јасна порака за неговата иднина во Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона има лоша сезона и се најавуваат промени во екипата во летниот преоден рок, промени кои значат заминување на дел од играчите од актуелниот состав.

Во јавноста се споменуваат неколку имиња како оние на Рафиња, Араухо, Де Јонг…играчи кои можат да донесат поголема сума на пари која потоа би била инвестирана во посакувани засилувања за тренерот Ернандес.

Изминативе денови доста се говори и за потенцијално засилување на напаѓачот Левандовски кој ако остане ќе го оптерети буџетот со оглед на тоа што ќе му порасне годишната плата, па наводно Чави и директорот Деко се согласиле за негова продажба.

Чави и Деко се согласиле за продажба на една голема ѕвезда на Барселона

Ова нема да оди лесно затоа што Полјакот сака да остане, а и агентот Пини Захави испрати директна порака.

-Тоа се глупости. Сака да игра уште една година во Каталонија. Потпиша четиригодишен договор, -порача Захави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни