Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ нема дилеми: Тој беше наш најдобар играч, се правеше!

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Денвер Нагетс го освои Минеаполис и дојде до 2-2 во плејоф пресметката со Минесота Тимбервулс.

Бранителот на трофејот уште еднаш покажа зошто е тим кој е на врвот во НБА лигата, а во исто време и ги „поздрави“ сите оние кои го отпишаа откако ги загуби двете средби на домашен терен.

Сега по двата вратени брејка ситуацијата е поинаква, но допрва следи она најважното.

-Дали моментумот е на нашат страна?  И да и не, знаеме дека сè уште ништо не сме направиле. Знаеме дека петтиот натпревар ќе биде најтешкиот натпревар во нашите животи, па ќе се подготвиме. Уште пред да започне серијата мислевме дека ќе биде интересна серија. Во првите два натпревари не забрзаа, не ја игравме нашата игра, а сега го вративме нашиот ритам, -рече Никола Јокиќ кој го пофали Арон Гордон, играч кој блескаше со 27 поени, 7 скока, 6 асистенции, 1 украдена топка и 2 блокади.

-Тој беше нашиот најдобар играч денес, се правеше. Тој не зема заслуги, но беше голем фактор за нашата титула лани и игрите оваа година. Некогаш ќе дава поени, некогаш не, но тоа го прифаќа и затоа е толку добар во работата, -подвлече Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни