Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг му испрати кратка порака на Роналдо по ремито со Челси

Објавено

на

Кристијано Роналдо ја отслужи својата суспензија и не беше дел од денешното големо дерби против Челси, кое ако се суди според зборовите на Ерик Тен Хаг, ќе биде единствениот меч на кој ќе биде надвор од тимот.

Португалецот беше отстранет од Тен Хаг по испадот кој го имаше на мечот со Тотенхем на „Олд Трафорд“ и холандскиот стручњак самостојно откри дека бил приморан да вклучи дисциплински мерки против Роналдо, од кого сега во иднина очекува да стои на располагање на тимот во било кога фаза од еден меч.

По драматичното реми изборено со Челси на „Стемфорд Бриџ“, Тен Хаг му испратил кратка и јасна порака на Роналдо од прес-конференцијата, потенцирајќи дека станува збор за гол играч кој можел да им помогне и против денешниот противник.

– Секако дека ни недостасуваше играч како Роналдо, тој секогаш може да постигне гол, во секоја ситуација и за само неколку минути.

– Тој е важен дел од нашиот тим и навистина ни е потребен. Не можам да бидам појасен од тоа. Доволно зборував на оваа тема изминативе денови, сакам да му се даде признание на цел тим. Мислам дека имавме добар меч против Челси и имам само комплименти за изданието на играчите, – изјави Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни