Поврзете се со нас

НБА

Суспендираниот Батлер го бодреше Мајами со српска верзија на омиленото скандирање (Видео)

Објавено

на

Џими Батлер денеска ја одработи својата суспензија за инволвираноста во тепачата на мечот со Њу Орлеанс, а друштво во кантината на Мајами му правеше и Србинот Никола Јовиќ.

Двајцата беа исклучени во мешаницата која се случи пред неколку дена и мораа да останат во Мајами, но оттаму пристигна урнебесно видео кое самиот Џими го сподели на социјалните мрежи.

„Жешките“ имаа тешко гостување во Сакраменто и успеаја да победат и покрај големиот број отсуства (110:121), но хајлајт на вечерта е начинот на кој Батлер го бодреше својот тим.

Ѕвездата на Мајами почна со скандирање на најпознатата песна на Хит, но потоа дозна како би звучела и српската верзија од соиграчот Јовиќ.

– Ајде Хит, Ајде Хит…….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни