Поврзете се со нас

НБА

Супер партија на Адетокумбо, Милвоки со „брејк“ го отвори полуфиналето на Истокот (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Милвоки Бакс оствари победа над Бостон Селтикс со 101-89 во првата средба од полуфиналето на источната конференција.

Актуелниот шампион во оваа серија нема да може да смета на Крис Мидлтон, но и без него Милвоки успеа да го освои „Ти-Ди Гарден“ и на тој начин да направи брејк во оваа серија. Бакси одиграа квалитетна одбрана, а притоа го имаа фантастичниот Адетокумбо кој забележа трипл-дабл од 24 поени, 13 скока и 12 асистенции.

Одличен беше и Холидеј со 25 поени и 9 скока, додека дабл-дабл имаше Портис (15 поени и 11 скокови).

Кај поразените прв стрелец беше Тејтум со 21 поен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни