Поврзете се со нас

НБА

Србинот ги поместува границите во НБА лигата: Јокиќ со нов историски потфат против Голден Стејт (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ имаше ревијално издание на Ол стар мечот и не беше премногу заинтересиран за докажување, но по натпреварот на ѕвездите во Индијанаполис, Србинот игра на ниво кое многу веројатно ќе му донесе нова МВП титула.

Јокиќ и рано утрово беше лидер на Денвер во победата над Голден Стејт и на трет меч во низа забележа трипл-дабл учинок, овојпат со 32 поени, 16 скокови и 16 асистенции.

Србинот игра неверојатно по Ол стар натпреварот и стана првиот играч во историјата која забележал трипл-дабл на три меча во низа со најмалку 14 скокови и 14 асистенции, што дефинитивно покажува дека „Џокерот“ ги поместува границите и поставува нови стандарди во НБА лигата.

„Вориорси“ дефинитивно немаат решение за Јокиќ и соиграчите оваа сезона и го претрпеа четвртиот пораз во исто толку пресметки, со тоа што овојпат се чинеше дека ќе го скршат мразот.

Голден Стејт имаше предност од 15 поени во втората четвртина, но Денвер го заврши овој период со серија од 14:0 и на полувреме се замина со резултат 61:61. На стартот на третиот период, шампионот успеа да направи предност и се одлепи на плус десет, па до крајот не го испушташе водството и победи со 103:119.

Покрај Јокиќ, феноменален беше и Мареј со 27 поени, додека кај Голден Стејт најефикасни беа Томпсон со 23 и Кари со 20 поени.

Од останатите натпревари, за издвојување е тешкиот пораз на Далас на гостувањето во Индијанаполис, каде играчте на Индијана успеаја да ги неутрализираат 33-те поени на Лука Дончиќ и да победат со 133:111.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни