Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне по неочекуваниот кикс на Атлетико: Нема што да се објаснуваме…

Објавено

на

Атлетико Мадрид вчера го загуби заостанатиот натпревар со фенерџијата Леванте и тоа на домашен терен, уште еден дополнителен удар за Диего Симеоне чија екипа има многу тешка сезона.

Не само што не може да ја одбрани титулата, туку Атлетико се најде во ситуација да стравува дека ќе остане и без пласман во Лигата на шампионите.

– Секој пораз боли и не става во тешка ситуација.

– Еден ден подоцна ќе зборувам со фудбалерите, многумина мислат дека немаме шанси за место во Лигата на шампионите, но јас не се согласувам.

– Нема потреба од многу зборови и објаснувања, нам ни се потребни победи и мора да работиме напорно за да стигнеме до нив, – изјавил Симеоне.

Леванте и Барди го шокираа Атлетико среде Мадрид (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни