Поврзете се со нас

Европски првенства

Шпанците бараат вонредна вакцинација пред Европското првенство

Објавено

на

Шпанската фудбалска федерација побарала од владата и одговорните во министерството за здравство, да дозволат вакцинација на членовите на сениорската фудбалска репрезентација.

Откако Серхио Бускетс имаше позитивен тест, сите членови на националниот тим беа во изолација, а последните тестови биле негативни.

Шпанците се надеваат дека и наредниве денови нема да има нов случај, па тоа ќе го искористат за да добијат зелено светло за вакцинација, со што би биле побезбедни за време на Европското првенство.

Последниот збор ќе го има специјалната комисија во министерството, која вообичаено не дозволува отстапки во однос на вакцините, но од федерацијата велат дека се работи за шпански жители кои ќе ја претставуваат својата земја на важно натпреварување.

Планот е вакцинацијата да биде реализирана утре, додека денеска местото на сениорскиот тим на пријателскиот дуел со Литванија ќе го пополнат членовите на У-21 репрезентацијата.

Селекторот Луис Енрике поради актуелната ситуација повика пет нови фудбалери, односно Морено, Солер, Форналс, Мендес и Албиол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни