Англија
Шмајхел за пресвртот во кариерата на Мегваер: Никогаш не закрепна по тој инцидент

Хари Мегваер одамна не е во прв план во редовите на Манчестер Јунајтед, а неговите ретки настапи постојано носат по некоја нова грешка, а со тоа и критики, па и навреди од навивачите.
Дефанзивецот е под постојан притисок, во меѓувреме ја загуби и капитенската лента во Јунајтед, а легендата на овој клуб, Петер Шмајхел се обидел да ја лоцира причината за пресвртот во кариерата на Мегваер.
– Го следам Мегваер внимателно уште откако настапуваше со мојот син во Лестер и секогаш сметав дека има материјал да биде фудбалер на Манчестер Јунајтед.
– Не сум отстапил од тој став, но мислам дека проблемот кој му се случи на еден одмор во Грција направи пресврт во неговиот живот.
– Сметам дека во тие моменти за него не се водеше доволно грижа и наместо да добие професионална помош и внимателен пристап, тој беше „фрлен во оган“. Како никогаш да не го надмина тоа што му се случи во приватниот живот на тој одмор, – истакнал Шмајхел.
Мегваер беше уапсен од грчката полиција на островот Миконос во 2020 година, под обвинение дека учествувал во физички напад, давање отпор и напад на припадници на полицијата и обид за поткуп, а во отсуство е осуден на условна казна од 21 месец и 10 дена. Фудбалерот во изјавите за британските медиуми истакна дека доживеал голем стрес и на моменти се плашел за својот живот.
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 21 час
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 17 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 21 час
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 20 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 22 часа
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 22 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 22 часа
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)