Поврзете се со нас

Свет

Селекторот на Португалија ја откри најголемата желба на Роналдо: Го знам неговиот сон…

Објавено

на

Селекторот на португалската репрезентација, Фернандо Сантош откри кој е најголемиот и досега неостварен сон на првата ѕвезда во националниот тим Кристијано Роналдо.

Напаѓачот на Јувентус има освоено се на клупски план, со Португалија исто така има триумфирано на Европско првенство, но неговата цел е да биде и светски шампион.

-Кристијано има дополнителна мотивација кога го претставува националниот тим. Сигурен сум дека тој ќе дојде со иста амбиција, не размислувајќи за лични цели, туку фокусирајќи се на целите на репрезентацијата. Знам дека тој има огромен сон да учествува во оваа цел, а тоа е да игра на СП и да го освои. Тоа е главната цел, -истакна Сантош.

Португалија во квалификациите за СП е во група со Луксембург, Ирска, Србија и Азербејџан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни