Поврзете се со нас

Свет

Се собира старото друштво: Две познати имиња ќе му се придружат на Меси во Интер Мајами

Објавено

на

Аргентинсата ѕвезда, Лионел Меси пресече и го реши клупското прашање, па од Пари Сен Жермен и Европа заминува во САД во таборот на МЛС тимот, Интер Мајами.

Тоа е одлуката на Меси која како што стојат работите ќе повлече и други познати имиња да го следат неговиот пример и да се преселат во составот каде ко-сопственик е Дејвид Бекам. Шпанските медиуми пренесуваат дека многу блиску до преселба на Флорида се Серхио Бускетс и Жорди Алба, двајца асови кои се слободни играчи, двајца асови кои се многу добри пријатели со Меси, играчи кои имаа фантастична соработка со Аргентиенцот во Барселона.

И покрај понуди од Саудиска Арабија, Катар и Европа наводно тие прифатиле да заминат во МЛС шампионатот што секако ќе донесе многу поени за оваа лига ако се остварат овие најави.

Како Бускетс така и Алба тие и служеа на Барселона повеќе од една деценија, период во кој освоија се што можеше со шпанскиот великан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни