Поврзете се со нас

АТП

Руне го преживеа Серундоло и закажа скандинавско четвртфинале на Ролан Гарос

Објавено

на

Foto: twitter.com/rolandgarros

Холгер Руне се изнамачи и одигра речиси 4 часа на „Сузан Ленглан“ ова попладне, пред конечно да го скрши отпорот на незгодниот предизвикувач од Аргентина.

Франсиско Серундоло се истакна како специјалист за земја и уште пред мечот беше јасно дека ќе биде најсериозен тест за Руне во досегашниот тек на Ролан Гарос, нешто за што добивме и потврда на теренот.

Руне беше во доста незавидна ситуација и соочен со три брејк топки при 4:3 за противникот во петтиот сет, но некако успеа да освои пет поени во низа и да израмни на 4:4.

Претходно, двата тенисери си поделија по два сета (7:6, 3:6, 6:4 и 1:6) и само потврдија дека ќе водат борба до последен поен за пласман во четвртфиналето, рунда во која сепак се избори фаворизираниот Руне.

Шестиот носител на Френч Опен славеше во супер тај-брејкот со 10:7 и се пласираше меѓу осумте најдобро, каде закажа реприза на минатогодишното четвртфинале, или поточно скандинавски дуел со Каспер Руд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни