Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ротен брутално распали: Се срамам што го велам ова за Меси, но тоа е реалноста!

Објавено

на

ПСЖ замина за шпанската престолнина со водство од 1:0 и по 60 минути игра во Мадрид имаше дополнително водство од уште еден гол, но тоа на крајот не се покажа како доволно за пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Реал Мадрид уште еднаш демонстрираше зошто е клуб со најголема традиција во ова натпреварување, правејќи пресврт во само 17 минути, период во кој Карим Бензема постигна три гола за комплетен нокаут на ѕвездите предводени од Маурисио Покетино.

Играчите на ПСЖ добиваат безброј критики во изминатите 24 часа, па своите „пет минути“ ги дочека и дежурниот критичар во последно време, поранешниот француски репрезентативец Жером Ротен.

– Одговорни за овој пораз на ПСЖ се Нејмар и Меси. Тие треба да ја поделат одговорноста. Кога Леонардо ги донесе, тие веднаш станаа легенди, платени се за такво нешто. Не ги напаѓам Верати, Данило, Паредес или Мбапе. Мбапе беше единствениот опасен против Реал на двата натпревари.

– Ги напаѓам другите двајца, тие се предавници на ПСЖ! Едниот е измамник откако дојде тука. Срам ми е да зборувам вака за Лео Меси, но тоа е реалноста. Тој оди по теренот, немој некој да ми каже дека се борел за некоја топка, немој да ми се смеете во лице. Од друга страна, овој другиот ги загуби сите топки. Велам овој другиот бидејќи ми е тешко да го споменам неговото име. Тој е катастрофа откако дојде во ПСЖ, има одиграно помалку од 50 проценти од натпреварите. Тие двајца се главниот проблем на ПСЖ, – брутално потенцира Ротен за „Радио Монте Карло“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни