Поврзете се со нас

Англија

Роналдо бил бесен на Рангник, па ги шокирал соиграчите од Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Кристијано Роналдо не беше во комбинација за вчерашното градско дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, а и ден по натпреварот не стивнуваат шпекулациите дека Португалецот влегол во конфликт со менаџерот Ралф Рангник.

Англискиот таблоид „Сан“ пренесува дека ситуацијата е многу покомплицирана од ситна повреда на Роналдо, па дури и дека големата ѕвезда ги шокирала своите соиграчи од Јунајтед.

Ден пред средбата, Рангник му соопштил на Роналдо дека сака да стартува со помлади и посвежи фудбалери, а него го планира како засилување од клупата во вториот дел.

Тоа толку го разочарало Португалецот што овој отпатувал во својата татковина и буквално ги шокирал соиграчите кои не очекувале ваква реакција.

Објаснувањето на Роналдо било дека чувствува болка, односно повреда, но неговиот потег бил само покритие за големото незадоволство од плановите на германскиот менаџер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни