Англија
Родри му се поклони на Ливерпул: Во ваква ситуација можете да направите само една работа
Шпанскиот репрезентативец и член на Манчестер Сити, Родриго Ернандез Касканте попознат само како Родри му се поклони и му честираше на Ливерпул за неверојатната сезона во Премиер лигата.
„Црвените“ пред прекинот на шампионатот поради пандемијата со КОВИД-19 славеа на 27 од вкупно 29 лигашки средби и со тоа создадоа предност од дури 25 бодови во однос на второпласираниот Манчестер Сити, односно ова значи дека Ливерпул има отворен пат по точно три децении да се израдува на пехарот во шампионатот.
-Понекогаш фудбалот е таков. Ливерпул беше неверојатен оваа сезона во Премиер лигата. Тие целиот свој менталитет го насочија само во ПЛ и во овие ситуации единствената работа што можете да ја направите е да им ракоплескате. Но, имавме многу проблеми оваа година. Имавме многу повреди и важни играчи во „аут“, но за нас не беше лоша сезона – ние сме втори. Добро, не е таму каде што сакаме да бидеме, но понекогаш е така и треба да продолжиме. Мислам дека сме горди на сезоната што ја имавме. Веќе имаме две титули (Комјунити Шилд и Лига Куп) и имаме шанса да освоиме уште две, вклучувајќи ја ЛШ, -истакна Родри.
Играчот од средината на теренот воедно е задоволен како тој ја одработи, се снајде во првата сезона во Манчестер.
-За мене ова е сон. Никогаш не знаете дали ќе имате можност да играте во Премиер Лигата за овој огромен клуб како што е Сити. Јас сум толку толку среќен што ја донесов оваа одлука и за мене е неверојатна година. Научив многу, освоив титула и се уште сме живи во други натпреварувања. Околината на стадионите, чувствувате дека луѓето овде во Англија дишат за фудбалот. За мене тоа е неверојатно и јас сум толку среќен,-заврши поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид.
-
НБА21 час
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија11 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија20 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија19 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
НБА23 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
Македонија24 часа
Шкендија во возбудлив меч загуби од Динамо Киев (ВИДЕО)
-
Свет24 часа
Маскерано за ставот на Роналдо дека е „GOAT“: Го почитувам…