Поврзете се со нас

Шпанија

Револт на „Камп Ноу“: Барселона нема пари да ја плати отштетата за Чави!

Објавено

на

Ал Сад излезе со официјално соопштение во јавноста и нагласи дека нема да му стои на патот на Чави во обидот да се врати дома, но во објавеното гласило во јавноста, нагласи дека клубот од „Камп Ноу“ ќе го добие посакуваното сценарио откако го исполнил најважниот услов.

Катарскиот клуб пренесе дека Барса прифатила да ја исплати откупната клаузула која постои во договорот на Чави, а која изнесува пет милиони евра, сума која сепак каталонскиот великан не може да си ја дозволи во овој момент.

Два часа по објавата на Ал Сад, Барселона се уште не излезе со официјално соопштение за ангажман на Чави, па сега угледните новинари и медиуми откриваат зошто е тоа така.

Водечките луѓе на Барселона се револтирани од официјалното соопштение на Ал Сад, на кое исклучиво гледаат како вршење притисок врз операцијата која е во тек, а во која Барса делува финансиски немоќно и сигурно нема да ја плати отштета за Чави.

Шпанскиот клуб не може да исплати 5 милиони евра поради тоа што нема доволно средства и ќе ги прекрши правилата за фер-плеј, па и оттаму одлагањето на промоцијата на Чави во моменти кога се чинеше дека се е договорено.

Како што информираат угледните „Мундо Депортиво“ и „Спорт“, експедицијата на Барселона во Катар и натаму работи на случајот и преговара со катарските газди, односно бараат начини да се одложи исплатата на отштетата која клубот не може да си ја дозволи во дадениот момент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни