Поврзете се со нас

Англија

Кион: Еден очаен човек го остави Арсенал без титула

Објавено

на

Foto:x.com/martinkeown5

Мартин Кион како легенда на Арсенал докрај веруваше дека Манчестер Сити може да се „лизне“ во последното коло, но откако не дочека такво сценарио, со ладна глава го анализираше завршниот чин во Премиер лигата.

Манчестер Сити победи на последните осум меча и стигна до историска четврта титула во низа во Англија, додека Арсенал ќе мора да почека на првиот трофеј во домашното првенство и после минати две децении од „непобедливиот тим.“

Токму Кион беше дел од таа златна генерација и тој добро знае како се освојуваат тешки трофеи, а сега заклучи дека Арсенал останал без титулата поради еден човек, Шпанецот Унаи Емери.

– Вистинската причина поради која Арсенал остана без титула се вика – Унаи Емери. Емери му одзема шест бода на Арсенал оваа сезона. Не само што победи на вториот меч кој беше клучен, победи и на првиот во декември.

– Однадвод изгледа многу смирен додека го води својот тим, но секогаш кога игра против поранешниот тим, изгледа како очаен човек кој сака победа. Тој очајно ја посакуваше победата и лудо посакуваше да го победи Арсенал. Го направи тоа и го сопре Арсенал да ја освои титулата, – изјави Кион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни