Поврзете се со нас

Англија

Реднап за последната одлука на Јунајтед: Никогаш не сум слушнал толку глупаво нешто во животот

Објавено

на

Манчестер Јунајтед како што е познато расчисти со Оле Гунар Солскјер по лошите резултат во оваа сезона, па во претходнава седмица двата дуели на „црвените ѓаволи“ ги водеше Мајкл Керик.

Дали Керик ќе биде на клупата и за мечот против Арсенал останува да водиме, но она што е јасно е дека Јунајтед ќе добие нов тренер во името на Ралф Рангник. Сите медиуми ова го пренесоа и сега само се очекува Јунајтед официјално да потврди дека Германецот ќе биде стратег на екипата до крајот на кампањата по што треба да има избор на перманентен менаџер на англискиот великан.

За овие потези на клубот од „Олд Трафорд“ нема разбирање искусниот Хари Реднап кој смета дека целата ситуација е вистинско лудило.

-Мајкл Керик е еден од најинтелигентните фудбалери што ги познавам, па навистина не требаше да кажам дека нема да биде следниот менаџер на Манчестер Јунајтед. Ама фактот што Јунајтед го донесе Ралф Рангник како привремен за да го замени привремениот пред да го добијат човекот што навистина го сакаат е навистина смешно.

-Никогаш не сум слушнал ништо толку глупо во мојот живот од која страна и да гледаш. И потоа слушаме дека ако Рангник ја освои Лигата на шампионите на крајот би можел да остане како менаџер, наместо неколку години како консултант, директор или што и да е.

-Така, привремениот менаџер може да стане менаџер со полно работно време, што значи дека менаџерот што сега го сакаат со полно работно време можеби нема да биде оној што го сакаат со полно работно време за шест месеци.Ако не сте збунети од сето тоа, јас сигурно сум! И овде зборуваме за еден од најголемите клубови во светот. Ова е лудо, -порача Реднап за „Сан“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни