Поврзете се со нас

Свет

Професионален фудбалер јавно призна дека е хомосексуалец, Пике му испрати искрена порака (Фото)

Објавено

на

Хомосексуалноста како определба и професионалниот спорт традиционално не одат едно со друго, но ова посебно е табу тема во фудбалската сфера каде голем број играчи се срамат јавно да ја искажат својата ориентација со цел да избегнат линчување од јавноста.

Иако звучи примитивно, модерното општество и натаму има огромна осуда кон сексуалната определба на геј популацијата, па такому поради тоа, посебно храбар е потегот кој го презема Џошуа Кавало.

Фудбалерот на австралиски Аделаид Јунајтед во емотивно обраќање до јавноста порача дека е професионален фудбалер, но и хомосексуалец, со што почна да го крши мразот за големата табу тема и почна да добива поддршка од познатите играчи.

– Подготвен сум да кажам нешто за мене лично. Конечно се чувствуам комотно да кажам гордо дека сум хомосексуалец. ОВа беше долг пат во мојот живот, но не можам да бидам посреќен од одлуката да го споделам ова јавно. Не можам повеќе да кријам и да се срамам, не можам да се срамам од тоа што сум хомосексуалец. Отсекогаш имав еден сон: Да играм фудбал и да бидам третиран како сите останати, – гласи дел од објавата на Кавало од која остана трогнат Жерард Пике.

– Сум немал задоволство да те запознаам лично, но сакам да ти се заблагодарам за овој голем чекор кој го презема. Фудбалскиот свет е далеку назад и ти ни помогна да одиме напред, – гласи објавата на Пике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни