Поврзете се со нас

Формула 1

Претставен новиот футуристички „болид на иднината“ во Формула 1, возачите излегоа со први реакции (Фото)

Објавено

на

Британското гран при во Формула 1 е на програмата претстојниот викенд, а во пресрет на возбудувањата на легендарната патека Силверстоун, сите големи ѕвезди од „најбрзиот циркус“ во светот денеска позираа пред болидот кој ќе биде иднина и реалност во овој спорт.

Започнувајќи од наредната сезона, ќе се имплементираат големите промени во аеродинамиката и болидот ќе добие навистина друг изглед од овој актуелниот, па ова попладне беше претставен прототипот на „болидот на иднината“ кој ќе започне да се користи во 2022-ра година.

Аеродинамиката се разликува многу во споредба со сегашните болиди, изгледот е футуристички, а прогнозите се дека со големите промени ќе гледаме многу повозбудливи и поизрамнети трки. Претставениот прототип го доловува реалниот изглед и големина на болидот за наредната сезона, па по позирањето, со први импресии излегоа и најголемите ѕвезди.

– Навистина е интересен болидот, многу е поинаков од она на што сме навикнати, но што е најважно, ќе овозможи да има многу понеизвесни и потесни трки, – изјави лидерот во генералниот пласман, Макс Ферстапен.

– Ќе биде огромен предизвик да се почне новата ера, ќе биде извонредно за фановите ако им биде дозволено одблиску да не гледаат со новите болиди, – изјави седумкратниот првак Луис Хамилтон.

– Ми се допаѓа агресивниот изглед и задното крило. Изгледа поедноставно, но истовремено и модерно. Се надевам дека ќе придонесе за понеизвесни трки, – порача Карлос Сајнц.

– Веќе го пробавме во симулатор и овој болид е комплетно поразличен од овој актуелниот. Комплетно и поинаков за управување, – вели Шарл Леклер.

– Мене овој болид ми изгледа футуристички, одличен е и се надевам дека ќе гледаме многу поинтересни трки со многу болиди тркало до тркало, – нагласи искусниот Фернандо Алонсо.

– Главната цел со новиот болид е да се приближи конкуренцијата и да гледаме потесни трки. Да има борба тркало да тркало и да победи најдобриот, – заклучи шефот на Формула 1, Рос Браун.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни