Поврзете се со нас

Свет

Претседателот на Украинската федерација заврши во притвор, потпретседателот бара реакција на Зеленски

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/uafukraine

Македонската фудбалска репрезентација денеска ја пречекува Украина во квалификациите за ЕП 2024, а гостите се изненадени од непријатната вест дека првиот човек на федерацијата завршил во притвор.

Андриј Павелек е обвинет и уапсен поради финансиски малверзации и на барање на украинското обвинителство, па допрва ќе се докажува дали е виновен за делото за кое сега заврши во притвор.

Апсењето доаѓа во ист ден со натпреварот во Скопје, а информацијата е топ тема поради непријатната ситуација во која се најде предводникот на федерацијата.

Потпретседателот Олег Протасов побара реакција од украинскиот претседател Володомир Зеленски и тврди дека обвинението и притворот се резултат од кујната на руското лоби во земјата, кое сака да му наштети на украинскиот фудбал.

Натпреварот Македонија-Украина се игра вечерва од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни