Поврзете се со нас

Англија

Познати се паровите за 4. рунда на ФА Купот, ќе имаме неколку премиерлигашки пресметки (ФОТО)

Објавено

на

Иако не е завршена третата рунда на ФА Купот веќе се познати паровите за четвртото коло во кое ќе имаме неколку премиерлигашки пресметки.

Тотенхем на домашен терен ќе се соочи со Брајтон, Вулверхемптон ќе го пречека Норич, Евертон ќе игра против Брентфорд, додека пак ако Арсенал слави над Нотингем Форест тогаш ќе излезе на мегдан со Лестер на „Емирејтс“.

Манчестер Сити и Ливерпул ќе бидат апсолутни фаворити против Фулам и Кардиф кои играат во Чемпионшип, а пак Манчестер Јунајтед ако ја победи Астон Вила ќе игра против Мидлзброу. Челси пак ќе има уште една домашна задача, овој пат против тимот на Плимут.

Оваа фаза ќе се игра во периодот од 4 до 7 февруари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни