Поврзете се со нас

Свет

Постекоглу за тврдењето на Меси: Не би се расправал со него…

Објавено

на

foto:twitter.com/SpursOfficial

Лионел Меси и неговата Аргентина се активни во квалификациите во Јужна Америка за наредното Светско првенство, а по мечот со Еквадор (1-0) на кој тој го постигна победничкиот гол, асот на Интер Мајами излезе со еден свој став со кој го привлече вниманието на јавноста.

Напаѓачот не е познат по тоа што се расфрла со зборови, дели комплименти само колку да се каже, па порака, тврдењето дека Кристијано Ромеро е најдобар светски дефанзивец донесе доста простор во медиумите, а и реакции.

Меси испофали играч на Тотенхем: Тој е најдобар во светот на својата позиција

Стоперот кој беше посочен како најдобар во светот од Меси: Ова ќе го паметам цел живот

Околу оваа тема имаше што да порача тренерот на Тотенхем, Анге Постекоглу кој работи со Ромеро, има постојано контакт со него и го следи секојдневно во клубот.

-Не би се расправал со Меси. Ќе ви кажам, не би сакал да играм против него [Ромеро]. Повеќето од момците не сакаат да тренираат против него. Тој е вистински натпреварувач и јас го сакам тоа кај него. Без разлика дали тоа е тренинг или натпревар, она што го гледате е она што го добивате со Ромеро, порача Анге за „Токспорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни